14.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсен мексикански министер осомничен дека примал мито од наркокартел

Поранешниот мексикански министер за безбедност, Генаро Гарсија Луна, е уапсен во САД под обвинение дека зел мито од наркокартел. Тој се товари дека му дозволил на картелот Синалоа, кој до апсењето го водеше Ел Чапо Гузман, да оперира и работи во Мексико во замена за неколку милиони долари.

Како што пренесуваат светските медиуми, министерот му овозможил на картелот сигурен премин до бродови за транспорт на дрога и пристап до почувствителни информации.

Обвинителот соопштил дека Гарсија Луна од картелот примил речиси пет милиони долари.

Тој беше министер во администрацијата на претседателот Фелипе Калдерон од 2006 до 2012 година.