Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

МВР со апел до граѓаните – пријавете продавачи на петарди

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните, доколку забележат лица што продаваат пиротехнички средства, да ги пријават на полициски службеници лично или преку телефонскиот број 192.

Од МВР потсетуваат дека неовластената употреба на пиротехнички средства се казнува во согласност со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивните материи и Кривичниот законик.

„Како и секоја година, така и оваа, во пресрет на новогодишните и божикните празници одделенијата за превенција при секторите за внатрешни работи спроведуваат кампањи, изработуваат летоци и плакати и одржуваат разни предавања преку кои укажуваат на можните последици од употребата на пиротехничките средства. Полициските станици, пак, со спроведување акциски контроли и проверки работат на откривање и санкционирање на лицата што вршат нелегална продажба на пиротехнички средства“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР со нова прогноза

ДЕСК

ДИПЛОМА ИМААТ, РАБОТА НЕМААТ – Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се невработени

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ ЈА САКААТ ЕУ, НО НЕ И УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ – Објавени нови анкетни резултати

ДЕСК