Кинеската компанија „Хуавеј“ ќе им подели бонуси со своите вработени, како благодарност што помогнале при справувањето со санкциите на САД, коишто ја загрозуваа работата на компанијата со паметните телефони и другите технологии.
Компанијата на социјалните мрежи соопшти дека на 90.000 вработени ќе им подели две милијарди јуани, или 285 милиони долари, односно по 3.100 долари на секој вработен.
На останатите вработени кои се поврзани со компанијата,а ги има околу 180.000, ќе добијат дополнителна месечна плата.
Во изјавата, компанијата им порача на вработените дека бонусите се „начин да им се заблагодарат за напорот“ што го направија откако беа воведени американските санкции во мај годинава./Makfax