19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Меѓу уапсените исламисти во Германија и германски државјанин со македонско потекло

Германските власти уапсија три лица под сомнение дека како приврзаници на Исламската држава подготвувале напади за убивање што е можно повеќе неверници.

Обвинителството во Франкфурт соопшти дека биле приведени при претрес на три стана во Офенбах во акција во која учествувале 170 полицајци.

Главниот обвинител Надја Низен рече дека првоосомничениот, 24-годишен државјанин на Германија со македонско потекло, веќе го набавил материјалот потребен за производство на експлозиви и се обидувал да купи огнено оружје преку интернет.

Во неговиот стан полицијата запленила разни супстанции и уреди.

Другите двајца осомничени се турски државјани на возраст од 21 и 22 години.

Според сведоците, сите тројца зборувале дека ја поддржуваат Исламската држава./Makfax

Спонзорирано: