15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон: Унилатерализмот раѓа национализам, кој води до војни

Светот денеска се соочува со криза на политичките и економските системи, а унилатерализмот раѓа национализам, кој води до овјни, порача францускиот претседател Емануел Макрон на отворањето на парискиот форум за мир, на кој учествува голем број светски претставници.

Форумот се одржува на одбележувањето на примирјето во Првата светска војна. Макрон истакна дека светот повторно се соочува со голема криза без преседан.

„Системот на глобалната отворена економија беше 70 години успешен и овозможи воспоставување мир во многу региони во светот, а кризата ги подели општествата создавајќи криза во демократијата и повторно го оживеа унилатерализмот“, рече Макрон.

Тој укажа дека истовремено настануваат нови проблеми наведувајќи, пред сè, на демографските проблеми, и додаде дека се занимаваме само со последиците од големата миграција, а не со нејзините предизвикувачи.

Според него, Европа е континент кој треба сам да си ги решава проблемите и дека мора да има одговор на кризата.

„Европа е лабораторија на мултикултурализмот“, нагласи Макрон заложувајќи се за заедничко соочување со предизвиците./Makfax

Спонзорирано: