Нaјмалку 51 дете се повредени во југозападна Кина кога 23-годишник влегол во градинка и ги нападнал децата со натриум хидроксид.
Нападот се случил во градот Каијуан во провинцијата Јунан. Покрај децата, повредени се и тројца наставници.
Напаѓачот е уапсен еден час по инцидентот. Си-ен-ен пишува дека тој ја распрскал хемикалијата поради одмазда.
Натриум хидроксид, познат и како каустична сода, се користи во индустријата за производство на вештачки влакна и свила, во текстилната индустрија и во производството на сапун и други детергенти./Makfax
Спонзорирано: