Чесити Петерсон на својот профил на „Фејсбук“ објавила фотографии од преписката, што значи дека е време да му дозволи на својот татко да почива во мир.
„Секој ден во изминатите 4 години пишував пораки до татко ми за да знае како сум. Денеска добив знак дека сè е добро и дека можам да го оставам да почива во мир.
Покојниот Џејсон Лигонс не бил нејзиниот биолошки татко, туку човекот што се грижел за неа уште од дете. И покрај сè, таа била многу приврзана кон него и неговата смрт била многу тешка за неа. За да си олесни себеси, секое утро и вечер таа му испраќала пораки во кои пишувала што се случува во нејзиниот живот.
Еден ден на пораката, во која вели дека утрешниот ден ќе ѝ биде тежок, ѝ пристигнал одговор.
„Здраво, душо! Јас не сум твојот татко, но ги добивав сите твои пораки во текот на овие четири години. Со нетрпение ги очекувам твоите утрински пораки и вечерни јавувања. Јас се викам Бред и ја изгубив ќерка ми во сообраќајна несреќа во 2014 година и твоите пораки ме одржуваа во живот. Кога ми праќаш порака, знам дека тоа е порака од Бога“, одговорил во својата порака Бред.
„Ти си прекрасна жена и посакувам мојата ќерка да можеше да стане како тебе. Сè ќе биде добро, само уживај секој ден и блескај со светлината што ти ја дал Бог. Жал ми е што мора да поминеш низ ова, ако ти значи нешто, јас многу се гордеам со тебе“, ја завршува Бред својата порака./Makfax