Британскиот принц Хари со неговата сопруга Меган Маркл присуствуваше на настан посветен на децата кои се борат со болести и проблеми, при што одржа инспиративен говор и се присети на денот кога дознал дека ќе стане татко.
Хари се врати една година наназад и се сети на моментот кога тој и Меган дознале дека го очекуваат своето прво дете, но сè уште не ја откриле веста за јавноста. Војводата призна дека се е различно оваа година затоа што тој сега е татко.
„Јас членувам во оваа организација веќе десет години и секоја година тие успеваат да ме изненадат и да ме инспирираат. Минатата година, јас стоев таму со сопругата и знаевме дека ќе станеме родители“, рекол Хари. За време на говорот, тој одвај ги задржувал солзите во очите.
„Сега кога сум овде како родител и ви го кажувам сето ова, во мене се будат емоции за кои не знаев дека постојат се додека не станав татко“, заврши Хари, велејќи дека ниту еден родител не може да замисли дека неговото дете страда и им се заблагодари на сите учесници и добитници на награди./Makfax