Нервозата во ВМРО-ДПМНЕ кулминира денеска, дали е тоа поради повикувањето на еден од осмничените, Зоки Кичеец, на распит? – прашуваат од СДСМ.
Денеска кулминираше нервозата во ВМРО-ДПМНЕ. Фрчат лажни вести од белиот дворец, панични изјави, прес конфернции.
Овие нервозни реакции доаѓаат во моменти кога според информациите во медиумите на распит за случајот „Рекет“ е повикан еден од осомничените, споменатиот Зоки Кичеец.
Дали затоа е нервозна криминалната ВМРО-ДПМНЕ?
– Особено имајќи предвид дека Христијан Мицкоски пред неколку дена јавно призна дека се сретнал токму со Зоки Кичеец.
Остана неодговорено прашањето што разговарале Мицкоски и Кичеец и дали нешто му дал? Ако му дал, што е тоа?
Нервозата и паничните реакции на ВМРО-ДПМНЕ нема да им помогне на оние кои ги чека соочување со правдата.
Одговороност за сите вмешани во случајот „Рекет“ но и за сите останати предмети мора да има, реагираат од СДСМ.