16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / Атина
СВЕТ

Грчката Влада ги отфрли медиумските шпекулации за името

Владата во Атина ги отфрли шпекулациите на албанските медиуми дека е постигнат напредок во македонско-грчкиот спор и дека е договорена промена на името на Македонија во „Република Нова Македонија“.
Грчкиот весник „Катимерини“ пренесе изјава од портпаролот на грчката Влада, Димитрис Цанакопулос дека Атина одбива да учествува во шпекулациите за името на земјата.
„Не сме заинтересирани за шпекулациите во врска со името, туку сакаме да продолжиме со преговорите на сериозен начин. Само така можеме да дојдеме до решение во следните неколку месеци за проблем што нѐ следи веќе 25 години“, рече Цанакопулос.
Спонзорирано: