5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бошњаковски: Со Беса и ДПА не се преговара за влез во Владата

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање рече дека Заев и Касами не разговарале за влез во Владата. Тој повтори дека се разговарало исклучиво за поддршката на Беса на реформските закони. Бошњаковски не сакаше да коментира и на прашањето дели премиерот Заев со вчерашната поддршка го легитимирал Касами за претседател на Движењето Беса.
„Не се работи за ад-хок средба, туку за претходно договорен состанок на кој Беса потврди дека ќе даде поддршка на реформските пакет-закони кои треба да бидат изгласани во Собранието. Исклучиво реформските процеси беа тема на разговорот со премиерот Заев“, рече Бошњаковски.
Владиниот портпарол рече дека не се преговарало за влез во Владата ниту со ДПА. Додаде дека ја има поддршката од коалициските партнери и има стабилно мнозинство, но не се огради од одговорност за немањето кворум во Собранието.
„Не можам да ја коментирам работата на Собранието. Владата нема надлежност да навлегува во тоа, си има процедури по кои работи законодавниот дом“, додаде Бошњаковски.
Спонзорирано: