Жена од Бангладеш роди близнаци еден месец откако на свет донесе машко дете, објави нејзиниот лекар за Би-би-си.
Арифа Султана, која има 20 години, се породи на крајот на февруари, а 26 дена подоцна таа била однесена во друга болница кога почувствувала болки во стомакот.
Лекарите откриле дека таа е сè уште бремена и дека носи близнаци во друга матка поради што е породена со царски рез.
Близнаците се родени здрави и се отпуштени од болницата.
Според гинеколог од Сингапур, Uterus Didelphys, односно постоењето две матки не е толку ретко колку што им се чини на луѓето.
„Кога одите на скенер, ќе видите дека имате две матки. Но, бидејќи жената е од селска средина, таа најверојатно немала пристап до ултразвук“, изјави д-р Кристофер за Би-би-си.
Султана вели дека е среќна поради децата, но таа е загрижена за тоа како ќе ги подигне поради тешката финансиска состојба.
Нејзиниот сопруг заработува помалку од 95 долари месечно, но рече дека сè ќе направи за да ги обезбеди.