8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ демантира дека со амандманите бараат амнестија за сто функционери

ВМРО-ДПМНЕ ги негира обвинувањата дека со амандманите за Законот за Јавното обвинителство опозицијата практично бара амнестија за сто функционери.

„Апсолутна невистина е дека ВМРО-ДПМНЕ се бори за каква било амнестија додека траат преговорите за Законот за Јавното обвинителство. Единствено што се залагаме е заложба за воспоставување механизми со кои ќе се добие и спроведе правда во системот во Република Македонија. Јасни ми се овие дезинформации од каде се поттикнати, ги поттикнува токму власта предводена од Зоран Заев, кој, знаете, е единствениот аболиран премиер во светот за случај тежок околу 8,5 милиони евра. Понатаму, човекот е тој што креира и спроведе токму една таква селективна амнестија за да му мине капитулацијата што, нели, ја спроведе со промена на името и идентитетот, а за што не доби поддршка од мнозинството граѓани во Република Македонија и оттука токму власта е таа што е единствен заштитник, промотор и спроведувач на криминалот во оваа држава и селективна правда и амнестија и како и да е, понатаму сака да претстави дека се работи за време на овие преговори што течат за Законот за Јавното обвинителство“, изјави Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање.