МАКЕДОНИЈАПуштен за сообраќај патот Струмица-Берово по сообраќајната несреќа 12:18, февруари 1, 2019 Од 9 часот регионалниот пат Струмица-Берово е пуштен за сообраќај, соопшти Авто мото-сојузот на Македонија. Од АМСМ претходно јавија дека сообраќајот е во прекин поради сообраќајна несреќа кај селото Петралинци.