24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел: Уште има време за преговори меѓу ЕУ и Британија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, рече дека сè уште има време за преговори меѓу ЕУ и Велика Британија во врска со брегзитот.

Меркел рече дека жали за одлуката на британскиот Парламент да го отфрли договорот што премиерката Меј го постигна со лидерите на ЕУ.

„Се разбира, ќе направиме сè за да најдеме соодветно решение, но подготвени сме и дури ако не дојде до такво решение“, изјави германската канцеларка за новинарите во Берлин.

Според неа, сè уште има време да се преговара, но ЕУ сега ги чека предлозите на британската премиерка.

Меј синоќа побара од пратениците во Парламентот да гласаат за недоверба на владата кога Долниот дом со мнозинство гласови го отфли договорот за брегзит. По гласањето, Меј рече дека владата мора да знае дали и понатаму ја има поддршката на мнозинството во Парламентот и побара пратениците од Долнот дом за тоа да се изјаснат уште денеска.

Спонзорирано: