Бугарскиот парламент денеска го одобри планoт на владата да почне преговори со САД за купување осум нови воени авиони „Ф-16“, со што ќе ги замени руските „миг 29“ и со тоа ќе ги приспособи воздушните сили на НАТО-стандардите.
Планот беше одобрен со 130 гласа „за“ и 84 гласа „против“ по долгата и на моменти жестока расправа, објави агенцијата АП.
Според информациите, поддржувачите на планот го нарекле стратешки избор, а противниците изразиле загриженост дека авионите се премногу скапи.
Со усвојувањето на овој план предност им е дадена на американските авиони во однос на шведските „грипенс“ и италијанските половни авиони „јурофајтерс“.
Бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, пред пратениците рече дека за разлика од шведските и италијанските авиони, за американските не се потребни дополнителни спогодби за опремата на леталата.