15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Лашкоска: СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција

СДСМ нема намера да донесе квалитетен закон за спречување корупција. Сака насилнички со ЕУ-знаме да го протурка без дебата. Третпат го доставуваат истиот закон, прво од група пратеници, па од Владата, па сега од Владата, ама со ЕУ-знаменце, изјави на денешната прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска.

ВМРО-ДПМНЕ не го кочи процесот, туку предлага суштински амандмани во согласност со препораките на ГРЕКО за да се зголемат транспарентноста и борбата со корупцијата, додава таа.

„Ние и за овој закон повторно ќе ги поднесеме амандманите со кои се имплементираат забелешките на ГРЕКО, амандманите со кои ќе се овозможи поголема професионализација на Државната комисија и кои ќе ја намалат корупцијата во државава“, изјави Лашкоска.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека тие повторно ќе поднесат 37 амандмани, некои од нив се однесуваат на намалување на бројот на членови, од 7 на 5. Амандманите се со цел да се спреечи антикорупциската комисија да стане партиско тело за пресметка со неистомисленици.

„Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ се од суштинско значење со што би се спречило антикорупциската комисија да се претвори во еден вид партиско тело за реваншизам и пресметки со неистомисленици на власта“, посочи Лашкоска.

(Makfax)