24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германската влада негира дека Меркел ѝ нудела помош на Меј

Германската влада денес го негира натписот во британскиот таблоид „Сан“ според кој германската канцеларка, Ангела Меркел, ѝ понудила помош на британската премиерка Тереза Меј да постигне подобар договор за брегзитот.

Според нејзината канцеларија, „Сан“ погрешно ја пренел содржината на неодамнешниот телефонски разговор меѓу Меркел и Меј.

Во соопштението се наведува дека канцеларката не дала никакви уверувања што го надминуваат она што било дискутирано во Европскиот совет во декември и што е наведено во писмото на Жан-Клод Јункер и Доналд Туск.

Спонзорирано: