10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Курц: Западен Балкан повторно во фокусот на вниманието на ЕУ

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави денеска во Европскиот парламент во Стразбур дека Западен Балкан повторно е во фокусот на вниманието на Европската Унија и дека регионот има европска перспектива.

Курц за време на завршувањето на австриското претседателство со ЕУ рече дека во Западен Балкан се забележани позитивни придвижувања, како решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција, како и отворањето две нови поглавја во пристапните договори со Србија.

Отворено е и едно ново поглавје во преговорите со Црна Гора, рече Курц, констатирајќи дека тоа се значајни показатели дека регионот има европска перспектива. Курц рече дека се надева оти Западен Балкан и за време на романското претседавање со Советот на ЕУ ќе остане во фокусот на Европската Унија.

Спонзорирано: