24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Партијата на Георгиевски поддржува промена на членот 353 од Кривичниот законик

ВМРО-Народната партија упати поддршка на идејата за промена на членот 353 од Кривичниот законик.

Од партијата чијшто претседател е поранешниот премиер, Љубчо Георгиевски сметаат дека начинот на кој што е претставен овој член, е премногу ригиден и дава огромен простор за реваншизам помеѓу политичките партии кои се менуваат при промена на власта во државата.

„Потсетуваме дека во 1998 година, во време на сомнителната приватизација овој член од законот воопшто и не постоеше од проста причина што со се дава простор за манипулација помеѓу политичките чинители. ВМРО-Народна партија предлага, Владата како добар пример во предвид да го земе примерот на Велика Британија за кој нема да има потреба од многу промени и одлично би се вклопил во Казнениот законик на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Членот 353 од Кривичниот законик се однесува на злоупотреба на службената положба и овластувања.

Спонзорирано: