Еве идеја за прекрасен ручек – гурмански батаци со сирење…
Состојки:
15 гр путер
1 чешне лук
3 лажици сечкан магдонос
125 гр сремско сирење
4 лажици пармезан
3 лажици презла
12 пилешки батаци
бибер
сол
Начин на подготовка:
Во тенџере ставете путер, загрејте го и на него пржете го лукот околу 1 минута.
Тргнете го од оган, додајте сремско сирење, пармезан и магдонос и сè добро измешајте.
Внимателно оделете ја кожата од батаците. Посолете го и побиберете го месото, а потоа помеѓу кожата и месото на скеој батак ставете лажица фил од секоја страна.
Наредете ги батаците во намастен огноотпорен сад и печете 45 минути на температура од 195 степени.
Добар апетит!