12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

И Тадиќ купи мерцедес од 600 илјади евра, ама не го апсевме – рече Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва на телевизијата „Хепи“ зборувајќи кога и како Груевски поминал низ Србија на пат кон Унгарија потести дека и поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ исто како македонскиот премиер набавил блинидран „мерцедес“.

-И Тадиќ на ист начин набави автомобил, но немаше никаква причина тој да биде уапсен бидејќи тој не оствари никаква противправна корист, а „мерцедесот“ остана на државата- рече Вучиќ.

Поранешниот претседател на Србија во 2010 година набави блинидран „мерцедес“ за кој српските власти платија 600.000 евра, исто колку што чинеше „мерцедесот што го купи владата на Груевски.