10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сложувалката се склопува: Вучиќ откри што се случило со Груевски на 11 ноември

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски од Македонија се упатил кон Албанија, а потоа во Црна Гора, па во Србија преку граничниот премин Хоргош, пренесува ТВ21.

Вучиќ за ТВ Хепи рече дека Груевски на 11 ноември ја напуштил Македонија и со лична карта, во придружба на двајца унгарски државјанин влегле на територијата на Албанија, каде што подоцна преку граничниот премин Божај влегле во Црна Гора.

Груевски на 12 ноември, непосредно пред 22:30 на граничниот премин Гостун со лична карта влегол во Србија, а потоа продолжил за Унгарија преку граничниот премин Хоргош, каде покажал лична карта и пропусница која ја добил во Албанија.

„Дури на 13. ноември во 19:35 од страна на Интерпол Скопје ни беше доставена меѓународната потерница. Што очекувате? Да апсиме човек за кој не е распишана потерница“, праша Вучиќ и додаде дека тоа што го зборува е вистина.

извор: tv21

Спонзорирано: