17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тепачка пред ресторан во Скопје: Маж нападнат од неколку лица

Во Секторот за внатрешни работи Скопје, вчера во 02:40 часот 38-годишниот О.С. од село Стајковци, скопско, пријавил дека истиот ден околу 02:00 часот пред угостителски објект во село Стајковци, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од 35-годишниот Г.Н. и уште неколку други лица.

Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Г.Н. и против него e поднесен соодветен поднесок, а се преземаат и мерки за целосно расчистување на случајот.