Мароканскиот крал Мохамед шести и францускиот претседател Емануел Макрон ја отворија железничката пруга за брзи возови Тангер – Казабланка. Пругата е претставена како најбрза во Африка и е симбол на партнерството меѓу Париз и Рабат.
Возовите на новата линија, според најавите би требало да почнат првите патници да ги превезуваат на крајот на ноември, а 350-те километри меѓу двата економски центри во Мароко ќе се поминат за околу два часа.
Возот тргна од огромната реновирана железничка станица во Тангер и за нешто повеќе од еден час пристигна во Рабат, пред предвиденото време. Според најавите на медиумите, првиот марокански брз воз го пореметил сообраќајот на обичните возови.