Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија, беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки животи, а пожарникарите се немоќни.
Локалните власти соопштија дека очекуваат бројот на жртви и натаму да расте.
Поради силниот ветер, пожарот во северниот дел кој избувна во четвртокот стана најразорниот пожар во историјата на Калифорнија, со повеќе од 6 700 уништени куќи, вклучително и една болница во градот Парадајс, град во кој живеат околу 27 000 жители.
Официјалните лица во моментов ја одредуваат причината за пожарот што ја погоди Калифорнија.
Спонзорирано: