24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пукотници во Скопје: Среде улица пукано кон “мерцедес с500”

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот Б.Л. од Скопје и И.Н. од село Грчец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 11.05.2018 година околу 22:45 часот во Скопје, на крстосницата помеѓу улица „Московска” и улица „Софиска”, од патничко моторно возило „Ауди А6”, управувано од првопријавениот, и второпријавениот како совозач, првопријавениот од пиштол испукал четири куршуми кон патничко возило „Мерцедес C-500”. За време на настанот нема повредени лица.

Спонзорирано: