24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Фрчат оставки во ВМРО ДПМНЕ – По заминувањето на Рангелова, поднесена уште една оставка на висока функционерка

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска поднесе оставка од позицијата генерален секретар на Унијата на жени во ВМРО-ДПМНЕ. Таа во објава на Фејсбук и се заблагодари на Рангелова за довербата што и ја дала во два мандата да биде генерален секретар на Унијата на жени и додаде:

„Рангелова и тимот ја поставија Унијата на жени на високото скалило во партијата и така треба да продолжи“, наведува Затуроска на Фејсбук, не образложувајќи ги причините за напуштање на партиската функција.

Оставката на Затуроска следува неколку часа по повлекувањето од функцијата на претседателот на Унијата, Даниела Рангелова.

Засега е непознато како овие две пратенички гледаат на следните чекори за Уставната ревизија во Собранието и дали тие ќе ги поддржат со оглед дека се работи за важно прашање на Македонската држава со цел нејзино брзо интегрирање во Евро-атланските сојузи.

Спонзорирано: