24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поранешен шеф на американската разузнавачка служба тврди дека пакетите се акт на домашен тероризам

Поранешниот директор на американската разузнавачка служба, Џејмс Клапер, вели дека бил една од целите на сомнителен пакет, тој посочува дека пакетот го добил денеска.

Клапер меѓудругото изјави и дека било сосема јасно дека пакетите со бомби кои беа доставени до истакнати демократи и други критичари на американскиот претседател, Доналд Трамп, се акт на домашен тероризам.

Во интервју за Си-ен-ен, каде што работи како аналитичар, рече дека не е изненаден што тој бил цел и го карактеризира овој инцидентот како „сериозен”, објави „Ројтерс“.

Единаесеттиот по ред сомнителен пакет беше денеска пронајден во Флорида. Најновиот сомнителниот пакет беше адресиран до демократскиот сенатор Кори Букер, објавија ТВ-мрежите Си-ен-ен и МСНБЦ.

Белата куќа соопшти дека ова се ужасни инциденти и дека сторителите ќе одговораат пред судот.

Претседателот на САД, од своја страна, рече дека во САД нема место за политичко насилство, а првата дама, Меланија Трамп, инцидентите ги нарече кукавички напади.

Спонзорирано: