19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
televizija
СВЕТ

Полјак ја тужи државната телевизија оти му го загрозува психичкото здравје

Полјакот Валдемар Садовски ја тужи полската државна телевизија ТВП поради тоа што со својата пропаганда во корист на владејачката партија Право и правда и нејзината еднопартиска влада на чело со премиерот Матеуш Моравечки, како што тврди, го гази неговото доистинство и си лажни вести го загрозува неговото душевно и физичко здравје.

Судењето без преседан во Полска започна на четврток пред окружниот суд во Варшава, кој не го прифати барањето на ТВП да ја отфрли тужбата како неоснована.

,,Гледањето на Дневникот го загрозува моето психичко здравје.Авторите на Дневникот се однесуваат кон мене како кон објект со цел да ме доведат во заблуда за на изборите да ја поддржам партијата Право и правда. Гледањето на Дневникот ми го крева притисокот, ми создава негативна енергија и лоши чувства”, се вели во образложението на Садовски до судот зошто ја поднел тужбата против државната телевизија.

Притисокот на државните медиуми настана откако полските конзервативци на Јарослава Качински дојдоа на власт во 2015 година. Со реформа на медиумите тие директно ги потчинија на Владата јавниот сервис ТВП, државното полско радио и државната полска новинска агенција ПАП. Полјаците тоа го решија на едноставен начин – со земање на далечинските управувачи во своите раце и масовно од јавниот сервис се префрлија на следење на приватната телевизија ТВН и на Полсат, што потврдија и мерења на гледаност.

Меѓутоа, Садовски се одлучил за радикален чекор и поднел тужба до судот за ТВП, повикувајќи се на членот 30 од Уставот на Полска за заштита на човековото достоинство.

Телевизијата пак, се брани пред судот дека не можела да му нанесе душевна болка на Садовски, кога ниту еден од прилозите кои што биле емитувани не биле лично за него.

Спонзорирано: