СВР Скопје поднесе кривична пријава против 43-годишен жител на Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 11.11.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот каде што престојувал осомничениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дигитални ваги, пари во различни апоени и мобилни телефони.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


