20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пожрот доаѓаше накај куќите – детали за страшниот пожар во Скопје

Штала на улицата „Мрежичка“ во општината Бутел била опожарена синоќа по полноќ. Полицијата соопшти дека пожарот зафатил нива и започнал да се шири кон куќите во соседството.

Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита којашто интервенирала со три возила и седум пожарникари од 2 до 4:30 часот изутрината.

Од противпожарната служба информираа дека со пожарот биле зафатени 150 метри квадратни, а педизвикана е материјална штета од околу 120 илјади денари.

Шталата била во сопственост на 53-годишниот З.К. од Скопје.

Спонзорирано: