Претседателот на САД, Доналд Трамп, по вчерашната средба во Хелсинки со рускиот претседател, Владимир Путин, рече дека има голема доверба во својата разузнавачка служба и дека „двете најголеми нуклеарни сили мора да се согласуваат”, додека Путин за средбата со Трамп рече дека имала „повеќе содржина отколку што очекувал”.
„Како што реков денес и многупати порано, имам голема доверба во мојата разузнавачка служба, но исто така признавам дека, за да се создаде посветла иднина, не можеме да се фокусираме исклучиво на минатото – како две најголеми нуклеарни сили, ние мора добро да се согласуваме“, напиша Трамп на „Твитер“.