19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Одлична вест за скопјани: Се отвораат 250 продавници на светски брендови и нови 2000 работни места – еве како изгледа новиот супер модерен трговски центар

Инвестиција од 350 милиони евра, повеќе од 250 продавници со светски брендови и над 2 000 работни места ќе донесе проектот East Gate што групацијата „Балфин“ го претстави како своја визија за нов и модерен симбол на Скопје. Тимот што го изгради и што ја создаде успешната приказна за Скопје сити мол го презентира концептот што ќе биде прв од ваков вид во регионот и којшто на едно место ќе ги спои купувањето, домувањето и бизнисот.

„Балфин“ е компанија чиј бизнис е фокусиран не само на создавање економски туку и на општествени вредности на пазарите на коишто работи. Нашата цел не е единствено да го прошируваме бизнис-портфолиото туку и да целиме кон повисоки идеи како индивидуи во средините во коишто сме активни. Искрено сакаме да го подобруваме животот на заедницата и нејзиниот развој, да ја заштитиме животната средина и да го збогатиме културниот и образовниот процес. East Gate ќе се придржува до сите овие вредности и затоа веруваме дека проектот ќе биде инспиративен не само за нас туку и за Скопје, за Македонија, но и пошироко“, истакна Самир Мане, претседател на групацијата „Балфин“.

East Gate е планирано да се простира на површина од 152 000 квадратни метри. Сместен на помалку од два километра од центарот на градот, проектот е во близина на главните сообраќајници и ќе содржи трговски центар, дел за домување и канцелариски парк од највисоката класа. Се очекува дека сето ова ќе даде дополнителен поттик за зголемена економска активност во Скопје.

„Ова ново мало чудо што вечерва го нудите преку екраните, а во пракса ќе биде здание што ќе го краси главниот град на нашата Македонија, убеден сум дека уште еднаш ќе ја потврди вашата деловна креативност, ќе помогне во економскиот раст на Македонија, ќе отвори нови работни места и, секако, ќе биде нешто коешто ќе биде наше, заедничко“, истакна премиерот Зоран Заев.

Проектот East Gate ќе содржи трговски центар чија нето-површина за изнајмување ќе биде 51 000 квадратни метри, резиденцијален комплекс со 1 600 станбени единици и пет канцелариски згради со вкупна површина за изнајмување од 67 000 квадратни метри. Шопинг-центарот ќе биде најголем во регионот на Македонија, Косово и Јужна Србија и освен голем број светски брендови, ќе има многу содржини за забава, фитнес, како и паркинг-простор за повеќе од 2 000 автомобили.

Станбениот комплекс ќе содржи паркови, рекреативни содржини, два амфитеатри, како и зелена површина од 25 000 квадратни метри. Во оваа фаза се размислува East Gate да стане првата населба во Скопје чиишто становите ќе бидат приклучени на природен гас за домаќинства. Покрај сегментите за шопинг и за домување, проектот ќе го содржи и првиот канцелариски парк во земјава од „А“ класа. Овие објекти ќе бидат сместени во непосредна близина на булеварот „Александар Македонски“, што на идните закупци ќе им обезбеди уникатна видливост. Целиот проект се планира да се комплетира во период од пет до седум години.

Освен што ќе придонесе економски, проектот East Gate ќе внесе и нова димензија во поглед на архитектурата во Скопје. Со уникатен дизајн и препознатлива фасада, тој ќе отскокнува во споредба со сѐ што досега е изградено во главниот град. Автор на проектот е едно од најголемите архитектонски студија во Турција, Yazgan Design Architecture Inc. коешто има освоено низа меѓународни награди како LEAF, European и International Property Awards за проекти како Hamamyolu Urban Deck – Eskisehir, YDA Center Ankara и за Volkswagen Arena Istanbul.

Спонзорирано: