Во индиската држава Бихар дошло до целосно уривање на недовршен мост.
Се гради од 2014 година, а за неговата изградба се потрошени повеќе од 200 милиони долари.
Снимен е самиот момент на уривањето на мостот.
Според владиното соопштение, мостот требало да биде готов во 2020 година, а последното ветување на локалните власти било дека конечно ќе биде готов во ноември годинава.
Според медиумите, ова не е прв пат да се урне.
Дел од истиот мост во изградба се урна и на 30 април минатата година. Тогаш како причина за инцидентот беше посочен лабав кабел, но граѓаните ја обвинија корупцијата што, како што се сомневаат, довело до употреба на неквалитетни и поевтини градежни материјали.