Во престрелката што се случи вечерва кај Младеновац загинаа седум лица, а повеќе од 10 се ранети.
Како што соопшти МВР, акцијата „Вител“ е во тек. Сторителот У.Б. е опкружен, но сè уште пука.
Сите расположливи патроли беа испратени во правец на Младеновац и Мал Пожаревац. Сите приоди се блокирани, хеликоптери ќе го надлетуваат Младеновац.