Уште еден тежок инцидент во Скопје.
На 03.05.2018 година околу 19,20 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје, од Комплексот клиники “Мајка Тереза“ (Ургентен центар) пријавено е дека било донесено лицето Е.И.(27) кое во с.Батинци-скопско било физички нападнато од страна на лицата Р.С., Ш.А. и С.М.
Истиот, со возило бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.