Естонската разузнавачка служба денеска објави дека верува оти Русија се уште има сила да изврши „убедлив воен притисок“ врз балтичкиот регион.
Воен напад врз Естонија е малку веројатен во 2023 година, бидејќи руските воени капацитети се ангажирани во Украина, соопшти естонската служба во својот годишен извештај.
Во извештајот се додава дека „на среден и долг рок, руската воинственост и надворешнополитичките амбиции значително го зголемија безбедносниот ризик за Естонија“.
– Планот на Русија да изврши големи воени вежби на западните граници две години порано од планираното дополнително ја влошува безбедносната ситуација во балтичкиот регион оваа година – се наведува во извештајот.