Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди, од кои една со тешки телесни повреди, шест со лесни телесни повреди и четири со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди едно лице добило тешки телесни повреди, а седум лица лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 82 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 17 возачи, од кои: двајца возачи затоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 11 возачи управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило и четворица возачи затоа што биле возачи почетници. Седум возачи се санкционирани поради поминување крстосница на црвено светло, тројца возачи поради неправилно престројување и четири возачи поради неносење заштитен шлем. Исто така, од сообрачај се исклучени и 15 возила бидејќи биле нерегистрирани.
Покрај ова, санкционирани се и тројца пешаци затоа што поминале коловоз надвор од пешачки премин, а двајца пешаци затоа што поминал коловоз на црвено светло.
Во текот на изминатиот ден издадени се 100 мандатни платни налози, а 68 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.