18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски останува на браникот на криминалот и расипништвото на неговиот претходник Груевски, обвинува СДСМ

„Христијан Мицкоски одново пропушти шанса да се дистанцира од политиките на поделби и деструкција на неговиот претходник Никола Груевски, што беа силно поразени од мнозинството граѓани. Со тоа Мицкоски покажува дека останува на браникот на криминалот, расипништвото и корупцијата што неговата партија и Груевски ги правеа цели 11 години“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според владејачката партија, Мицкоски досега е запаметен единствено по продолжување на деструктивните политики и ширењето на лажните вести. „Македонија тргна напред како едно општество за сите, модерна држава пријател на регионот и Европа и никакво деструктивно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ нема да го запре процесот на реформи, интеграција и развој“, се вели во соопштението.

Спонзорирано: