Мал брод со мигранти потона во Ла Манш во близина на југоисточниот брег на Англија и има жртви, јави денеска Би-би-си.
Портпаролот на Министерството за одбрана потврди дека „инцидентот е во тек“, но не соопшти детали.
Крајбрежната стража објави дека ја координира операцијата „како одговор на инцидентот со мал брод во близина на брегот на Кент“.
Во операцијата учествуваат морнарицата, граничната служба и локалната полиција, а на местото се испратени и спасувачки чамци, се наведува во соопштението.