19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во 2017 убиени 65 новинари, 326 во затвор, 54 заложници

Годишниот извештај на организацијата „Новинари без граници“ покажува дека вкупно 65 новинари се убиени оваа година, 326 се наоѓаат во затвор, а 54 од нив се задржани како заложници. Новинарите кои загинале или се здобиле со смртни повреди поради извршување на работата ( во артилериско бомбардирање) или се убиени затоа што нивното известување разбеснило некого , се наведува во соопштението.
Повеќе од 60 отсто од починатите се оние кои се убиени. И покрај тоа што брјките се загрижувачки, 20017-та била година со најмала стапка на смртоност на професионални новинари во последните 14 години. Новинарите бегаат од држави како што се Сирија, Јемен, Либија, кои станаа премногу опасни, но Организацијата наведува дека и се поголема е свеста за потребата од заштита на новинарите.
Обединетите нации усвоија неколку резолуции за безбедноста на новинарите од 2006 година, а многу нови организации усвоија безбедносни процедури.
Како што се наведува во соопштението, во земјите кои не се во воена состојба, забележани се 46 отсто смртни случаи, додека во 2016-та имало 30 проценти. Турција и Кина и натаму се земји кои најмногу апсат новинари. Моментално 54 новинари се заложници на недржавни групи како што се Исламска држава и јеменските Хути. Речиси три четвртини од тие заложници се новинари кои се многу малку платени, а преземаат огромни ризици.
Странски новинари кои моментално се заложници, биле киднапирани во Сирија, но речиси ништо не се знае за нивните локации, се наведува во соопштението.
Спонзорирано: