Во последната емисија од вториот круг на „Ѕвездите на Гранд“, радовишанецот Ангел Јовевски со изведба на македонска песна успеа да ја освои публиката, но и да добие зелено светло за пласирање во следниот круг.
Ангел својот настап пред жирито, присутната публика во големата Гранд сала и милионите телевизиски гледачи го започна на македонски, со песната „Полско цвеќе“ од легендарниот пејач Тоше Проески.
Како втора песна на својот настап, Јовевски ја избра „Ciao Bella“ на Тропико Бенд, а со неа докажа дека подеднакво одлично ги пее и најголемите српски хитови.
Последната емисија од вториот круг се емитуваше во саботата (7-ми април), а во продолжение погледнете го настапот на нашиот Ангел Јовевски.
https://www.facebook.com/ZvezdeGrandaMk/videos/1880571198673952/