10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Локвенец: Ниту опозицијата не верува во интерпелацијата

Пратеникот од редовите на СДСМ, Хари Локвенец, одговарајќи на обвинувањата од пратеникот Илија Димовски вели дека изминативе 10 месеци СДСМ го чистел нередот што го оставивила гарнитурата на ВМРО-ДПМНЕ. Според Локвенец, интерпелацијата е само лош изговор за враќање на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Тој тврди дека ниту пратениците на опозициската партија не веруваат во неа. ​
„Заклучокот е дека се обидувате да разгорите меѓуетничка нетрпеливост само поради лични и партиски цели. Јас да сум на ваше место сериозно би се загрижил во кој правец да се грижите. Јас очекуваав денес тука да излезете и да се откажете од Груевски. Требаше да се откажете од него, а не само по ходници да се жалите од него и фамилијата. Само така можете малку да се исправите“, рече пратеникот Локвенец.
Спонзорирано: