Вработените во дел од образовниот сектор во некои места и натаму се под штрајк.
Откако Владата понуди 12 проценти покачување, К-15 за вработените во образованието и нов колективен договор со кој се гарантира редовен раст на платите, на многу места низ Македонија штрајкот прекина и образовниот процес продолжува.
Градинките пак во целост го прекинаа штрајкот и почнаа да примаат деца.