Дополнителното оружје испратено од Германија пристигнало во Украина за да помогне во борбата против руската инвазија, дознава денеска ДПА од кругови на украинската влада.
Пратката содржи околу 1.500 ракети за противвоздушна одбрана „стрела“ и 100 митралези „МГ 3“. Покрај тоа, испратени биле речиси 8 милиони парчиња муниција за оружје во мал калибар.
Дополнително, пристигнала и дополнителна помош за украинските вооружени сили, која вклучува медицински материјали, околу 350.000 пакети со храна и 50 амбулантни возила.