Едно возило удрило во безбедносната ограда во близина на Белата куќа во текот на вчерашниот ден, а жената која го управувала била уапсена, објавија американските безбедносни служби.
Во пораката објавена на Твитер се наведува дека автомобилот не ја пробил безбедносната ограда на комплексот од Белата куќа и дека жената што возела била веднаш приведена.
Белата куќа не е под официјална блокада, но безбедносните служби се во висок степен на подготвеност по овој инцидент, соопштуваат американските медиуми.