Телевизијата „Еј-би-си њуз” објави видеоснимка на која може да се види американската суперлесна ракета „астра“ на компанијата „Астра спејс“.
Според руските медиуми, оваа американска телевизија објавила дека компанијата активно соработува со властите и со армијата, но дека за тоа не ги информира медиумите.
За ракетата се дознало случајно бидејќи истата не била во воена база, туку била транспортирана со камион на отворено. Кога новинарите на „Еј-би-си њуз“ почнале да бараат одговор чија е таа ракета, откриле дека подоцна, откако истата била забележана, била пренесена во воен хангар во кој се тестираат воени авиони.
Компанијата задолжена за одржување на тој објект не е регистрирана и нема телефонски број, се наведува во извештајот.
Колку за потсетување, медиумите во Америка, но исто така и во Русија, неодамна известуваа дека Пентагон развива суперпрецизна ракета што „може да погоди комарец в око“ и е наменета да ги погоди руските ракети пред истите воопшто да полетаат.