23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКИЗБОР

(Видео) Пронајден тигарот кој седум дена талкал низ улиците на град во Америка

Деветмесечниот бенгалски тигар кој исчезна пред една недела е пронајден во предградието на Хјустон, соопшти полицијата, додавајќи дека тигарот наречен Индија не е повреден.

Виктор Куевас (26), чија сопруга е сопственик на тигарот, во моментов е во притвор, откако на почетокот на минатата недела избега од полицијата со тигарoт. Тој претходно беше ослободен со кауција поради обвинение за убиство од 2017 година, пренесува „Си-би-ес њуз“.

Командантот на полицијата во Хјустон, Рон Борца, изјави дека сопственик на тигарот е сопругата на Куевас, а нејзината пријателка и испратила порака на полицијата за неговата локација. После тоа, сопругата на Куевас го предала тигарот на полицијата.

Борца изјавил дека иако полицијата не знае точно каде бил тигарот цела недела, сопругата на Куевас тврди дека знае каде бил тој во секое време. Борца рече дека Индија била кај разни луѓе од вторник до сабота, без да ги именува.

Сопругата на Куевас изјави дека тигарот го имаат девет месеци, иако нејзиниот сопруг тврди дека само таа е сопственик на животното. Неговиот адвокат го потврди тоа, велејќи дека Куевас сè уште поминува многу време со Индија.

„Виктор многу се грижи за оваа мачка. Тој ја сака. Разумно е да се претпостави дека Виктор е дел од животот на мачката уште кога била младенче“, изјави неговиот адвокат.

Досега не е поднесена пријава против сопругата на Куевас, но според Борка, истрагата е во тек. Тој исто така рече дека е забрането да се чуваат тигри како домашни миленици во Хјустон.