24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

ЗОИ 2018: Фуркад со фотофиниш до второто злато во Пјонгчанг

(МИА) – Францускиот бијатлонец Мартан Фуркад триумфираше на трката на 15 километри масовен старт на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Фуркад на целта стигна со идентично време како Германецот Симон Шемп, но златото му припадна на францускиот олимпиец откако беше прегледана снимката од фотофинишот, на која тој е само неколку милиметри понапред.

Фуркад и Шемп трката ја завршија за 35 минути, 47 секунди и три десетинки, а зад нив беше олимпискиот шампион од 2014 година Емил Хегле Свендсен од Норвешка, кој ја освои бронзата.

Претходно, Фуркад го освои и златото во потера на 12,5 километри.

Спонзорирано: